II термин 24.05-27.05 ( 3 ноќевања)

Паралија е сместена во прегратките на планината на 12-те богови-Олимп. Паралија е идеално место за сите оние кои што сакаат да уживаат 
во пријатната медитеранска клима и убавата и долга плажа. Долж шеталиштето во Паралија ќе имате можност да уживате во локалните продавници, но исто така ќе имате можност да уживате во бројните таверни, барови, ресторани и ноќни клубови кои што само ја дополнуваат туристичката понуда на ова место. 

 
Програма:
 24.05 ( среда ) 
  • ​Поаѓање од карши East gate mall на паркингот кај Вип хотел во 07:00 часот. Собирање на група  06:45. Патот води кон граничен премин Богородица, со попатни паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во Паралија околу 11 часот. Сместување во приватни апартмани. Ноќевање.

24.05-26.05 ( среда-петок)
  • Слободно време за индивидуални активности. Ноќевања.
27.05 ( сабота )
  • Напуштање на апартманите. Слободно време до 15:00 часот. Поаѓање за Македонија.

Понудата вклучува:
 
  • 3 ноќевања во  приватни апартмани во Паралија 
  • превоз на наведената релација
  • организација и водтсво на патувањето.
 
Цена: 4500 денари

 
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета. 
  • Во случај на отказ патникот е должен да плати:
  • За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
  • За отказ преку 15 дена пред поаѓање  се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.