Песочната плажа во Шенѓин е една од најубавите плажи каде што може да ги поминувате летните одмори.Локалното население овој дел го смета за „оаза на Јадранот“.Шенѓин ќе ви понуди широки плажи долги 3 километри, чист песок и сино Јадранско море. На само 4 часа возење од Скопје, Шенѓин ќе ви понуди се она што е доволно за вистинско уживање.
Опис на програмата:
- Поаѓање во 01:30 часот ( собирање на група во 01:15 од паркинг наспроти скопски саем кај хотел Вип)
- Ноќно возење преку Косово со паузи за царински формалности и одмор.
- Предвидено време за пристигнување во Шенѓин во утринските часови.
- Слободно време за еднодневно уживање.
- Враќање во 18:00 часот.
- Пристигнување во Скопје околу полноќ.
Цена: 1200 денари
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
- Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
- Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
- Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
- Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
- Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е должен да ги чека истите.
- Со потпишување Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.