30 мeтри од ПЛАЖА
НА ПЛАЖА
ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос.Има прекрасна долга песочна плажа која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос.Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите, супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи.
Вилата “КЛЕОПАТРА“ е модерна вила,лоцирана е на самата плажа, модерно опремена вила. Секоја соба има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар додека во апартманите има голем фрижидери и голем ел.шпорет со фурна.Секоја соба има стандардно купатило и вц.Секоја соба има клима уред и тв.Вилата има и безжичен интернет и голем паркинг кој функционира на прво слободно место.
ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (17.05; 24.05; 31.05; 06.09; 13.09 и 20.09.2024)
ОЗНАЧЕНИ СО ЅВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ,
ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ
КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI Е БЕСПЛАТНО
ПРЕД ВИЛАТА ИМА ГОЛЕМ ПАРКИНГ , КОЈ ГО КОРИСТАТ ТУРИСТИТЕ НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО.ПАРКИНГОТ Е БЕСПЛАТЕН.
-За пакет аранжманот во апартман потребни се минимум 2 лица;
-трето,четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз (доколку користат) 45€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
– дете до 02 години не плаќа(бесплатно);
– за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице
ЗА РАНО РЕЗЕРВИРАЊЕ(EB) СЕ УПЛАТУВА АВАНС 50% ОД ВРЕДНОСТА НА АРАНЖМАНОТ ДОДЕКА ТРАЕ АКЦИЈАТА.ОСТАТОКОТ ОД 50% 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ.
ПОПУСТИТЕ ЗА РАНА УПЛАТА НЕ ВАЖАТ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАНИТЕ (ДАТИТЕ ОЗНАЧЕНИ СО ЅВЕЗДИЧКА (*))
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
45 € за возрасни – повратна карта;
35€ за деца до 12 години – повратна карта;
30 € за возрасни или деца – карта во еден правец
Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
ОПИС НА СОБИТЕ
АПАРТМАН БР.1 (1/2)+(1/2)+1 дете 5 ЛИЦА
Апартманот се наоѓа на високо приземје.
Во кујната има еден кревет поединечен + еден поединечен кревет од кој се извлекува уште еден кревет на висина како поединечниот .Кујната е опремена со вградена плотна со две рингли,голем фрижидер и комплетен кујнски инвентар.Во кујната има Тв и маса за ручавање.Спалната соба има еден дупол кревет (француски).Апартманот има плакар за алишта и клима уред.Има сопствено купатило и WC.Излегува на тераса со страничен поглед на море
АПАРТМАН БР.2 (1/2) +(1/2) 4 ЛИЦА
Апартманот се наоѓа на први кат.Во кујната има еден поединечен стандарден кревет и еден кревет на извлекување под поединечниот.Кујната е опремена со вградена плотна со две рингли,голем фрижидер и комлетен кујнски инвентар.Во кујната има маса за ручавање, ТВ и клима уред.Спалната соба е со дупол кревет (француски),плакар за алишта.Има сопствено купатило и ВЦ. Апартманот излегува на тераса со директен поглед на море.
Напомени:
- Патниците треба минимум 48 часа да се информираат за часот и местото на поаѓање.
- Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет каде е возможно да застане
- ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ЕВРА, А УПЛАТАТА Е ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ (1€=62 ден.);
- ЗА УПЛАТИ НА ДВА АРАНЖМАНИ 7+7 НОЌЕВАЊА ОДОБРУВАМЕ 10% ПОПУСТ НА ВТОРАТА СМЕНА;
- КОГА ИМА АКЦИСКИ ПОПУСТ НА ВТОРАТА СМЕНА НЕ СЕ ОДОБРУВА ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ;
- ЗА ВАЖЕЧКА РЕЗЕРВАЦИЈА СЕ СМЕТА САМО СО УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕЛОСНАТА ВРЕДНОСТ НА АРАНЖМАНОТ;
- КОГА ИМА АКЦИСКИ ПОПУСТ ИЛИ КОГА ЕДНАТА СМЕНА Е СО ЗВЕЗДИЧКА НА ВТОРАТА СМЕНА НЕ СЕ ОДОБРУВА ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ;
- ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ДВАЕСЕТ ИЕДЕН ДЕН (21) ПРЕД ПОАЃАЊЕ;
- ВО СЛУЧАЈ НА ВЕЌЕ УПЛАТЕНИ АРАНЖМАНИ СО ПОПУСТИ И РАНИ ЗАПИШУВАЊА,СРЕДСТВАТА НЕ СЕ ВРАЌААТ ДОКОЛКУ ПАТНИКОТ СЕ ОТКАЖЕ ОД ПАТУВАЊЕТО, ИСКЛУЧОК СЕ ПРАВИ(ПОВРАТОК НА СРЕДСТВА) САМО,ДОКОЛКУ ГОСТИНОТ САМ СИ НАЈДЕ ЗАМЕНА ЗА ВЕКЕ РЕЗЕРВИРАНАТА СОБА ;
- МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ ОСИГУРУВАЊЕ ОД РИЗИК – ОТКАЗ НА АРАНЖМАН ВО ОСИГУРИТЕЛНА КОМПАНИЈА
- ВО СЛУЧАЈ НА НАПРАВЕНА ПОГОЛЕМА ШТЕТА ВО СТУДИЈАТА И АПАРТМАНИТЕ , СОПСТВЕНИКОТ НА ВИЛАТА МОЖЕ ДА НАПЛАТИ НА ЛИЦЕ МСТО ЗА НАПРАВЕНАТА ШТЕТА;
- АГЕНЦИЈАТА НЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА КВАЛИТЕТОТ И БРЗИНАТА НА ИНТЕРНЕТ КОНЕКЦИЈАТА
ТУРИСТИЧКА ТАКСА СЕ ПЛАЌА ВО АГЕНЦИЈА 0,5 € ОД НОЌ ВО АПАРТМАН И 1€ ОД НОЌ ВО ДУПЛЕКС
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ
- Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
- Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
- Во случај на отказ патникот е должен да плати:
- За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
- За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
- За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
- За отказ преку 15 дена пред поаѓање се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
- Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
- Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е должен да ги чека истите.
- Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.