30.12-02.01

Копаоник еден од поголемите планински венци во Србија. Сместен е во централниот дел на земјата со мал дел во Северно Косово. Копаоник е најважниот скијачки центар во Србија,  со вкупно 25 жичари со капацитет од 32.000 скијачи на час. Tуризмор на планината е претежно од спортски карактер. Преовладуваат зимските спортови како скијањето но се застапени и други спортски активности. Има голем број сместувачки капацитети, кафетерии, барови и ноќни клубови. Од Брзече до скијачкиот центар води кабинска жичарница.

Oпис на патувањето:
Прв ден 30.12 ( понеделник ) Скопје-Копаоник
  • Собирање на групата  во 05:45 на паркинг пред пошта на Железничка. Поаѓање за Копаоник во 06:00 часот.  Пристигнување во Брзече во претпладневните  часови. Сместување во апартмани Вук Wolf, Брзече. Слободно време за индивидуални активности и прошетка. Вечера.Ноќевање.
Втор ден 31.12 ( вторник ) Дочек на Нова Година
  • Појадок.Слободно време за индивидуални активности и прошетка.Организирана свечена Новогодишна вечера во ресторан во склоп на апартманите. Ноќевање.
Трет ден 01.01 ( среда )
  • Појадок. Во претпладневните часови организиран трансфер до Копаоник. Слободно време за индивидуални активности и прошетка.Враќање во Брзече. Вечера. Ноќевање. 
Четврт ден 02.02 ( четрвток )
  • Појадок. По појадокот напуштаање на апартманите. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. 

Понудата вклучува:
  • Превоз на дадена релација Скопје-Брзече-Скопје
  • 3 ноќевања со појадок и вечера во апартмани Вук Wolf во Брзече.
  • свечена Новогодишна вечера 
  • Организација и водство на патувањето. 
Понуда не вклучува:
  • Ски карта
  • Индивидуални трошоци

Цена: 230 евра од лице


Услови за деца:
  • Деца до 2 години ( во придружба на две возрасни лица ) бесплатно
  • Деца од 2 години до 10 години ( во придружба на две возрасни лица ) плаќаат 210 евра 

Општи услови за патување:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета. 
  • Во случај на отказ патникот е должен да плати:
  • За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
  • За отказ преку 15 дена пред поаѓање  се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.