Костур е еден од најживописните градови во Егејскиот дел на Македонија. Изграден е на брегот на прекрасното Костурско Езеро. Подрачјето е претежно планинско, со изразито континентална клима. Патеката долж езерото е долга 9 километри, а самото езеро е дом на 200 различни видови на животни, меѓу кои и некои ретки и загрозени видови. Прошетајте по тесната патека долж крајбрежјето на езерото, ќе бидете изненадени од неговата убавина и спокојство. Градот може да се пофали со голем број многу профитабилни продавници и фабрики за крзно и текстил.
Свети Ахил или Свети Аил е остров во Малото Преспанско Езеро. Тој бил населен уште од античко време. Во југозападниот дел се пронајдени остатоци од античката македонска населба Лика. Во средниот век тука бил главниот град на Самоиловата држава, градот Преспа, како и дворците на царот Самуил. Денес единствено населено место на островот е истоименото село Ахил, кое е мала населба од неколку куќи. Некогашна и историска Преспа буди убави спомени од далечното, но славното минато на цар Самоил. Може да се претпостави дека Самуил ја преправил и раширил црквата Св. Ахил, која била патријаршиска катедрала.
Опис на патувањето:
- Тргнување во 03:00 (собирање на група во 02:45 од паркингот пред Пошта на железничка) возење преку граничен премин Меџитлија со попатни паузи за царински формалности и одмор.
- Предвидено време за пристигнување во Ахил околу 09:00 часот. Прошетка низ островот и посета на базиликата Св.Ахил на Цар Самоил.
- Во договор со групата се упатуваме кон Костур. Посета на манастир Панагија Мавритиса и факултативна посета на пештерата на Змејот.
- Во 17:00 часот поаѓање за Скопје.
Програмата вклучува:
- Посета на црквата Панагија Мавритиса
- Посета на островот Св.Ахил.
- Превоз на дадената релација
- Организација и водство на патувањето.
Програмата не вклучува:
- Индивидуални трошоци.
- 5 евра влез за Пештерата на Змејот.
- Влезови за културно историски споменици.