02.11.2024

На само 10 километри од Приштина, на левиот брег на реката Грачанка изграден е манастирот Грачаница. Посветен е на Успение на Пресвета Богородица а истиот е изграден во 1321 година од страна на српскиот крал Милутин. Според народното верување кралот Милутин заспал пред битката на реката, а на саон му се појавил Ангелот Божји кој му кажал дека ќе ја добие битката, а како еден знак на благодарност треба да изгради црква според облик кој ке му се прикаже. Како што се разбудил кралот на небото здогледал облак кој имал облик на црква. Затоа што ја добил битката како што му било кажано во сонот тој ги повикал најдобрите мајстори кои ја започнале изградбата.
Манастирот Високи Дечани е српски средновековен православен манастир кој е сместен кај Пеќ во Косово. Го подигнал Стефан Дечански и цар Душан.Изградбата траела од 1326-1327 година па продолжила 1334-1335 година, додека пак фрескоживописувањето е направено во 1348 година. Моштите на Стефан Дечански и Јелена Дечанска се наоѓаат во манастирот. Во 1692 година кога Турците сакале да го претворат манастирот во џамија се случило чудо, па според тоа се верува дека моштите го спречиле уништувањето на манастирот.
Опис на патувањето:
  • Поаѓање од паркингот пред Пошта на железничка во 06.00 часот (собирање на група 05:45). 
  • Предвидено време за пристигнување во Грачаница околу 09:00 часот. Слободно време за  прошетка и разглед на манастирот.
  • Во договор со групата се упатуваме кон Високи Дечани. Слободно време за  прошетка и разглед на манастирот.
  • Во договор со групата се упатуваме кон Печка Патријаршија. Слободно време за прошетка и разглед
  • Поаѓање за Скопје во 17:00 часот

Понудата вклучува:
  • Посета на манастирот Грачаница
  • Посета на Високи Дечани
  • Посета на Печка Патријаршија
  • Превоз на наведената релација 
  • Организација и водство на патувањето.

Понудата не вклучува: 
  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за културно историски споменици
 
Цена: 1200 денари
 
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
  • Во случај на отказ патникот е должен да плати:
  • За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
  • За отказ преку 15 дена пред поаѓање  се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот 
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.