Манастир Прохор Пчински, Врање

26.10.2024

Манастирот на свети Прохор Пчински се наоѓа во шумовитите падини на планината Козјак, на левиот брег на реката Пчиња, во непосредна близина на селото Кленика и на само 30 километри јужно од Враење. Според легендата манастирот е изграден од страна на византискиот цар Роман Диоген во 11 век во знак на благодарност на Свети Прохор Пчињски ,којму предвидел дека ќе стане цар. Политичките случувања што се одвиваат кон крајот на 10 и почеток на 11 век оставиле свој белег во овој крај. Со победата на Василиј II над Самоил, Византија успева да си ги врати изгубените територии на Балканскиот Полуостров, а со тоа доаѓа и до реорганизација на политичката и црковната ситуација во регионот. По Косовската битка во 1454 година манстирот е уништен од страна на Османлиите, за повторно да биде обновен во 1489 година од страна на Марин, син на попот Радоња од Кратово. Во тој период се насликани и вреските во самиот манастир, кои се сметаат за најважно уметничко дело од тој период. На 2 август далечната 1944 година тука е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија или познато како АСНОМ. Манастирот Прохор Пчински денес претставува целина во која се испреплетени културно историските спомени.


Опис на програмата:

  • Тргнување од паркингот пред Пошта на железничка  во 07:30 часот (собирање на група 07:15 ч.)
  • Предвидено време за пристигнување во Прохор Пчински  околу 09:00 часот.Слободно време за разглед и прошетка низ манастирот.
  • Во договор со групата се упатуваме кон Врање.Слободно време за прошетка и разглед на Врање.
  • Во вечерните часови тргнување кон Скопје.
 
Понудата вклучува:
  • Превоз на наведената релација.
  • Организација и водство на патувањето.
  • Прошетка и разглед на манастирот Прохор Пчински.
  • Посета на Врање.

Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за културно историски споменици

Цена:650  денари 
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета. 
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.