social image

05.04.2025

Ртањ  претставува феномен кој од година во година привлекува се поголем број туристи, авантуристи, планинари, но и научници. Секој кој барем еднаш ја посетил оваа планина, тврди дека воздухот тука поинаку мириса и дека природата има несекојдневна убавина. Многумина говорат и за позитивната енергија која ја почувствувале престојувајќи тука. Ртањ е познат и по ендемските билки кои растат на неговите падини и кои се заштитени со закон. 


Сокобања се наоѓа во централниот дел на југоисточна Србија, во истоимената котлина на надморка височина од 400 метри и од сите страни е јасно ограничена со планини.Низ Сокобања тече реката Моравица. Главни карактеристики на ова подрачје се топли лета и ладни, остри зими.Сокобања е климатско лекувалиште, односно воздушна бања, бидејќи во околината нема ниеден загадувач на воздухот. Освен тоа, за Сокобања е карактеристичен воздухот богат со негативни јони.Местото поседува шест термоминерални извори кои се користат во лечење на различни заболувања. 

Опис на патувањето:
  • Тргнување од паркингот пред Пошта на железничка, во 05:00 часот (собирање на група 04:45 ч.) Попатна пауза на Предејане половина час.
  • Предвидено време за пристигнување во манастир Лешје околу 09:00 часот. Слободно време за посета и разглед. 
  • По посетата се упатуваме кон Ртањ и пирамидите. Слободно време за посета и разглед.
  • Во договор со групата се упатуваме кон Сокобања. Слободно време за индивидуална прошетка и слободно време за ручек.
  • Во попладневните часови тргнување за Скопје.
Понудата вклучува:
  • Превоз на наведената локација.
  • Организација и водство на патувањето.
Понудата не вклучува:
  • Индивидуални трошоци 
  • Влезници за културно историски споменици

Цена: 1600 денари