Шарена џамија, Лешок, Беловиште
19.10.2024
Лешочки манастир претставува православен манастирски комплекс, кој претставува најголем духовен центар во Тетовски. Манастирот е сместен во природен амбиент во близина на селото Лешок на надморска височина од 610 метри. Во комплексот се наоѓаат црквите Св. Атанасиј и Св. Богородица, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ кој е еден од најпознатите македонски преродбеници од 19 век. Во манастирските конаци им а параклис посветен на светите Кирил и Методиј, додека надвор од манастирскиот комплекс има стара црква посветена на Атанасиј Александриски. Манастирот за прв пат е основан во 1321 година од страна на епископотполошки Антониј.
Опис на патувањето:
- Тргнување во 07:30 ч. од паркингот кај Хотел Вип (East Gate). Собирање на група во 07:15 ч.
- Предвидено време за пристигнување до 09:00. Посета на Шарена џамија. Слободно време за прошетка и разглед.
- Во договор со групата поаѓаме кон Лешок во посета на Лешочки манастир. Слободно време за прошетка и разглед.
- Посета на село Беловиште и можност за ручек во некој од рестораните.
- Предвидено време за тргнување за Скопје во 17:00 часот.
Понудата вклучува:
- Превоз на наведената релација
- Посета на Шарена џамија
- Посета на Лешочки манастир
- Посета на Беловиште
- Организација и водство на патувањето
Понудата не вклучува
- Индивидуални трошоци
- Влезници во културно-историски споменици
Цена: 650 денари
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
- Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
- Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
- Во случај на отказ патникот е должен да плати:
- За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
- За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
- За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
- За отказ преку 15 дена пред поаѓање се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
- Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
- Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е должен да ги чека истите.
- Со уплата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.