17.05.2025

Манастирот Манасија или Ресава е еден од најзначајните споменици на српската средновековна култура и нјзначајната градба кој припаѓа на Моравската школа. Се наоѓа 30 километри од автопатот Белград-Ниш. Манастирот Манасија започнал да се гради 1407 година а истиот е завршен 1418 година. Манастирската црква е посветена на Света Троица и истата е осветена покасно, Целиот комплекс е опкружен со високи зидови кои во минатото служеле за одбрана. Всушност претставува една целина која се состоела од вкупно 11 кули.
Ресавска пештера е заштитен спомени на природата и истиот се сместува во заштитено подрачје од прва категорија. Ресавска или Дивљаковачка пештера е пештера во источна Србија на 20 километри од Деспотовац. Оваа пештера е една од најзначајните туристички пештери во Србија и истата зафаќа надморска височина од 483 метри.
 
Опис на патувањето:
  • Тргнување во 05:00 од паркингот пред Пошта на железничка  Собирање на група 04:45. Патувањето води преку граничен премин Табановце. Предвиденото време за пристигнување во манастирот Манасија е помеѓу 9-10 часот.
  • Слободно време за прошетка и разглед на манастирот. По посетата групата се упатува кон посета на Ресавска пештера и водопад Велики Бук ( Лисина)
  • Слободно време за прошетка и разглед на пештерата
 
Понудата вклучува:
  • Превоз на наведената релација
  • Организација и водство на патувањето

Понудата не вклучува:
  • Влезница за посета на пештерата: 500 динари 
  • Влезница за посета на Водопад Велики Бук, Лисина-100 динари
  • Индивидуални трошоци


Цена: 1500 денари од лице