Манастир Тумане и Сребрено езеро

13.04.2025

Манастир Тумане е православен манастир на браничевската Епархија на Српската православна црква. Се наоѓа во Голубачката долина на само 12 километри одалечен од Голубац. За името на манастирот постојат неколку легенди за Милош Обилиќ, прославениот косовски јунак. Милош е роден во околното село Кобиље, а имал и свој дворец во околното село Двориште. Еден ден ловејќи во блиската шума го ранил монахот Зоксим Синајит кој престојувал во блиската пештера. Кога го однесле на лечење, монахот изговорил ту мани односно нема лек, оставиме тука да умрам. Како знак на покајание изградил манастир во кој биле положени моштите на Зоксим. Точното време за изградба не се знае но прв пат се појавува во пописите од 1572/3 година.
 
Опис на патувањето:
  • Тргнување од паркингот пред Пошта на железничка, во 02:00 часот  (собирање на група 01:45 ч.)
  • Ноќно возење со попатни паузи за пауза и царински формалности.
  • Предвидено време за пристигнување во манастирот во утринските часови.
  • Утринска молитва.
  • По молитвата индивидуална посета на испосницата на Св.Зоксим која од манастирот е одалечена 800 метри.
  • Во договор со групата се упатуваме кон Сребрено езеро. Слободно време за индивидуални активности,
  • Предвидено време за тргнување за Скопје во 17:00 часот.
 
 
Понудата вклучува:
  • Превоз на наведените локации.
  • Организација и водство на патувањето.
  • Посета на манастир Тумане

Понудата не вклучува
  • Индивидуални трошоци

Цена: 1700 денари