Манастир Тумане Сребрено Езеро со ноќевање
13.11-14.11.
Манастир Тумане е православен манастир на браничевската Епархија на Српската православна црква. Се наоѓа во Голубачката долина на само 12 километри одалечен од Голубац. За името на манастирот постојат неколку легенди за Милош Обилиќ, прославениот косовски јунак. Милош е роден во околното село Кобиље, а имал и свој дворец во околното село Двориште. Еден ден ловејќи во блиската шума го ранил монахот Зоксим Синајит кој престојувал во блиската пештера. Кога го однесле на лечење, монахот изговорил ту мани односно нема лек, оставиме тука да умрам. Како знак на покајание изградил манастир во кој биле положени моштите на Зоксим. Точното време за изградба не се знае но прв пат се појавува во пописите од 1572/3 година.
Опис на патувањето:
- Тргнување од паркинг кај Вип Хотел, наспроти скопски саем, во 22:00 часот на 12.10 (петок (собирање на група 21:45 ч.)
- Ноќно возење со попатни паузи за пауза и царински формалности.
- Предвидено време за пристигнување во манастирот во утринските часови.
- Утринска молитва.
- По молитвата индивидуална посета на испосницата на Св.Зоксим која од манастирот е одалечена 800 метри. Во договорено време со групата се сместуваме во хотел. Индивидуална посета на Голубачка тврдина. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
- Појадок. По појадокот групата го напушта хотелот и се упатува кон Сребрено езеро. Слободно време за индивидуални активности.
- Предвидено време за тргнување за Скопје во 17:00 часот.
Понудата вклучува:
- Превоз на наведените локации.
- 1 ноќевање со појадок
- Организација и водство на патувањето.
- Посета на манастир Тумане
- Посета на Сребрено езеро
Понудата не вклучува:
- Влезница за Голубачка тврдина
- Индивидуални трошоци
Цена: 49 евра
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
- Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
- Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
- Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 90% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 дена пред поаѓање.
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
- Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
- Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е должен да ги чека истите.
- Со уплата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.