Повеќе од 50 години, снег, гостопримство, традиција и софистицирано спокојство се само дел од атрибутите со кои се привлекуваат зимските спортски ентузијасти од Европа во Ски Центар Маврово. Маврово ски центарот е лоциран во општина Маврово и Ростуше, вгнезден во прекрасниот Национален Парк кој е оддалечен само 100 км од главниот град Скопје, што го прави Скопје Интернационалниот Аеродром најблизок до ски центарот.
Ски центарот може да се пофали со извонредни погледи на околните планини и мавровското езеро и со одлично одржувани скијачки патеки од 1,255м до 1,860м надморска висина, обезбедувајќи совршени услови за скијање на природен и технички снег. Скијачката зона се сервисира со 3 жичари и 11 ски-лифтови кои нудат 25 километри перфектно одржувани скијачки патеки кои се различни и идеални за рекреативни и професионални скијачи, како и за почетници.
Опис на патувањето:
- Собирање на групата во 07:15 од паркинг пред пошта на Железничка.Поаѓање во 07:30.
- Пристигнување во Маврово. Слободно време за индивидуални активности и прошетка.
- Тргнување за Скопје во 16:00 часот.
Цена: 600 денари