Мелник е мало градче кое е познато по многу различни природни убавини и убавини кои ги создаваат локалните жители и по кои ова мало место е толку познато. Кога ќе пристигнете во Мелник неминовна е посетата на Кардопуовата куќа – музеј, која има огромна винарска визба. Во визвите во Мелник има бочви со вино кои стојат таму и се стари и по 200 години. Мелник е уште познат и по најстарата куќа во Бугарија, Бојарска куќа. Пирамидите во Мелник се рангирани како највпечатливи природни феномени во Бугарија.
Свети Врач или Сандански,е град во Пиринска Македонија, во денешната Благоевградска област кој е сместен во југозападниот дел на Бугарија. Се наоѓа во долината на реката Струма од нејзината лев страна и е сместен во подножјето на Пирин планина, од нејзината западна страна.Лековитите својства на топлите минерални води и благата поволна клима, местото каде денес се наоѓа градот Свети Врач го направиле удобен за живеење на луѓето уште од античкиот период. Првите човечки населби на местото на денешниот град Свети Врач датираат од 2 милениум п.н.е. Населбата била основана околу минералните извори за време на бронзеното време на крајот на XIII и почетокот на XII век пред нашата ера.
Опис на патувањето:
- Тргнување од паркинг пред пошта на железничка, во 05:00 часот (собирање на група 04:45 ч.)
- Патување преку граничен премин Ново Село- Струмица со попатни паузи за царински формалности и одмор.
- Предвидено време за пристигнување во Мелник околу 10:00 ч. Факултативна посета на Кордополовата куќа. Слободно време за индивидуална прошетка и разглед на Мелник.
- Во попладневните часови групата се упатува кон Сандански.
- Слободно време за индивидуална прошетка и разглед на Сандански.
- Поаѓање за Скопје во 17:00 ч.
Понудата вклучува:
- Организација и водство на патувањето.
- Превоз на дадената релација.
- Посета на најмалиот град Мелник
- Посета на Сандански
Понудата не вклучува:
- Индивидуални трошоци
- Влезници за културно историски споменици.
- Влезница за Кордополовата куќа 6 лева.
Цена: 1200 ден. од лицe