Oпис на патувањето:
Прв ден 30.12.2024 ( понеделник ) СКОПЈЕ-ЛУТРАКИ
- Состанок на групата во 04:45 на паркингот пред Пошта на железничка. Поаѓање во 05:00 часот. Влезот во Грција е преку граничниот премин Богородица. Пристигнување во Лутраки, сместено во подножјето на Кајмакчалан. Сместување во хотел. Слободно време за одмор.Во попладневните часови можност за посета на топлите бањи. Ноќевање
Втор ден 31.12.2024 ( вторник ) ЛУТРАКИ
- Појадок. По појадокот организирана посета на термалните бањи. Водите од шест минерални извори со различни температури се спојуваат и формираат природна река со импресивни природни водопади. Едната половина од реката има студена вода, а другата половина од водите на реката имаат температура од 37 степени, а целото ова чудо на природата потонува во прегратките на околната шума. Не случајно локалните жители го нарекуваат ова благословено место - рајските градини, а лековитите води на реката - благословени. Слободно време за иднивидуални активности. Враќање во хотел и подготовка за дочек на Нова Година. Заедно се упатуваме кон таверната „O Kalofagas " каде заедно ќе ја дочекаме Новата година со богата вечера со популарна македонска и грчка музика во живо и вкусна храна . Ноќевање.
Трет ден 01.01 ( среда ) ЛУТРАКИ-ВОДЕН-СКОПЈЕ
- Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Групата се упата кон Воден или Едеса. Градот ќе ве донесе до уживање кое е испрелетено со спектакуларна симфонија која е создадена од природата во овој регион, чиј вешт диригент е водата! Запечатете го во мислите татнежот на водата што брза од 70 м. високиот водопад кој го носи името на македонскиот крал Каранос! Вреди да се прошета во стариот дел на Вароша, блиску до водопадите, и да се посети старата метропола на градот - црквата Успение на Пресвета Богородица, каде во 1991 г. бил откриен Воденски натпис на цар Самуил.. Слушнете ја фасцинантната приказна за контроверзноста околу Воденскиот натпис и оној дел од историјата во кој Воден играл важна улога во царството на Самуил.
Дозволете си моменти на безвременост со кулинарските задоволства што ги нуди Едеса или едноставно испијте кафе во градот со илјадагодишна историја.
- Во попладневните часови заминување кон Скопје . Пристигнување во вечерните часови во Скопје.
Цена: 10.200 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 2 НП (ноќевање со појадок)
- Богата свечена новогодишна вечера
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не вклучено:
- Влезници за бањите кој се плаќа на лице место ( 3 евра )
Општи услови за патување:
- Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
- Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
- Во случај на отказ патникот е должен да плати:
- За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
- За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
- За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
- За отказ преку 15 дена пред поаѓање се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
- Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
- Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е должен да ги чека истите.
- Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.