Св.Наум,Тушемиште, Поградец
31.03.2025
Запознајте го Охридското Езеро и од другата страна!
Манастирот „Св. Наум“ е изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на неговата најјужна точка, во една месност со ретка природна убавина. Подигнувањето на овој манастир е поврзано со името на Наум, Климентовиот соработник. Св. Наум, пред крајот на својот живот, го основал манастирот Св. Архангел и во 910 година бил погребан во него. Околу манастирот има повеќе други црквички, како: Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо.
Тушемиште, првото село крај Охридското езеро од албанска страна, се наоѓа на околу 500 метри од македонско-албанската граница и е речиси споено со Поградец. Местото е особено познато по рибните специјалитети, во кои ќе можете да уживате и вие при нашата пауза токму таму.
Опис на патувањето:
- Тргнување во 06:00 часот (собирање на група во 05:45 од паркинг наспорти скопски саем, кај Хотел Вип)
- Пристигнување во Св.Наум. Слободно време за прошетка и разглед..
- Во договорено време групата се упатува кон првото место од Албанска страна. Тушемиште. Слободно време за факултативен ручек во некој од рестораните покрај изворите на Дрилон.
- По посетата на Тушемиште се упатуваме кон Поградец. Слободно време за индивидуална прошетка.
- Поаѓање за Скопје во 17:00 часот.
Понудата вклучува:
- Превоз на дадената релација.
- Организација и водство на патувањето.
- Посета на Св. Наум
- Посета на Тушемиште.
- Посета на Поградец
Понудата не вклучува:
- Индивидуални трошоци
- Влезници за културно историски споменици
Цена:1000 денари