Охридската тврдина, симболот на градот без кој не може да се замисли неговата урбанистичка физиономија и историја е една од најголемите средновековни фортификациски градби во Македонија. Со своите утврдувања и ѕидини го зафаќа целиот охридски рид. Од сите страни, со исклучок на јужната, која е свртена кон езерото, ритчестиот дел на градот бил заштитен со високи ѕидови и кули во должина од три километри, сè до близу охридското пристаниште.Во најстарите извори кај Полибиј, во кои за прв пат се споменува античкото име на Охридското Езеро, се укажува на фактот дека при првата воена акција на овие простори, македонскиот крал Филип II наредил да се изгради утврдување на ридот над езерото.

Локалитетот Плаошник се наоѓа во јужното подножје на повисокиот (западниот) рид на Охрид, на зарамнето плато меѓу цитаделата на Самоиловата тврдина и црквата Св. Јован Канео на брегот од Охридското Езеро. Плаошник е исклучителен археолошки комплекс со културни слоеви од праисторијата, антиката и средниот век. Првите археолошки интервенции на Плаошник се случиле во времето од октомври 1942 година до мај 1943 година (со прекини), на просторот од внатрешноста на остатоците од Султан Мехмед џамијата во организација на Службата на старините во Охрид на чело со нејзиниот раководител Кирил Прличев, а потоа и со Димче Коцо. Притоа се откриени остатоци од старата Светиклиментова црква и гробот на Св. Климент Охридски.

„Свети Јован Богослов Канео“ — една од најпознатите цркви во Охрид на карпестиот рид над плажата Канео во стариот дел на градот. За историјата на црквата не постојат пишани податоци, современи со нејзиното подигање и живописување. Во натписот зачуван на фреско-малтер  во Охрид споменува една нива од селото Лескоец како имот на црквата Св. Јован Канео, што се граничи со имотот на црквата Св. Константин и Елена. Со ова се потврдува постоењето на црквата пред 1447 кога бил испишан натписот на Св.Константин и Елена - како и релативно раната појава на топономастичкиот назив на местото „Канео“ каде што е подигната црквата. Иако за црквата не постојат никакви сигурни историски податоци, нејзиниот живот може да се следи во општи историски рамки на развиток почнувајќи од 13 век па сè до почетокот на 14 век


Опис на патувањето:
  • Тргнување во 07:30 (собирање на група во 07:15 од паркинг наспорти скопски саем кај хотел вип)
  • Пристигнување во Охрид до 10 часот.
  • Пешачка тура и разглед на Самоилова тврдина, Плаошник и Св.Јован Канео,
  • Време за индивидуална прошетка низ Охрид
  • Тргнување за Скопје во 17:00 часот 

Понудата вклучува:
Превоз на дадената релација
Организација и водство на патувањето
 
Понудата не вклучува:
  • Влезници за културно историски споменици.
  • Индивидуални трошоци.

Цена:600 денари 
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.
  •