Во Курбиново ќе се посети еден од најрепрезентативните споменици на културата на Балканот, со сочуван живопис од крајот на дванаесеттиот век, антологиско дело со неповторливи иконографски и зографски достигнувања - црквата Св.Ѓорѓи изградена 1191 г.
Брајчино - оддалечено е само 15 минути од Преспанско Езеро, а сместено е во подножјето на планината Баба, во непосредна близина на националниот парк Пелистер. Богато е со извори пенлива вода, висока и зелена шума, планински врвови што пленат со својата убавина, со еколошки јаболка никнати на надморска височина од над 1.000 метри и јагодите што зреат доцна налето - ова е дел од „портфолиото“ на Брајчино, единственото македонско село, кое од 2009 год. се наоѓа на светската туристичка мапа со подзнак - еколошки туризам.
Во Љубојно ќе ве пречека автентичниот тип на градба на ова село, со збиени околу 350 куќи, градени наблиску или меѓусебно поврзани и правилно распоредени. Основен белег на селото му даваат куќите градени меѓу двете светски војни, со печалбарски пари. Нив посебно ги краси фино делканиот камен, разнобојните фасади и вкусно гелендираните балкони. Се обновуваат старите, но се градат и нови современи куќи. Селото Љубојно носи карактеристики на мала градска населба.
Опис на патувањето:
- Тргнување во 07:30 (собирање на група во 07:15 од паркинг наспорти скопски саем кај хотел Вип)
- Пристигнување во Курбиново. Посета на црквата Св.Ѓорѓи во с.Курбиново. По посетата групата се упатува кон Село Брајчино и посета на Црквата Св. Петка.
- По посетата на Брајчино се упатуваме кон Љубојно. Пауза за инивидуален ручек и прошетка.
- Во договор со групата се поаѓа за Сливница. Посета на црквата Рождество на Пресвета Богородица.
- Поаѓање за Скопје во вечерните часови.
Програмата вклучува:
- Превоз на дадената релација
- Организација и водство на патувањето
Понудата не вклучува
- Индивидуални трошоци
- Влезници за културно историски споменици
Цена:1200 денари
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
- Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
- Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
- Во случај на отказ патникот е должен да плати:
- За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
- За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
- За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
- За отказ преку 15 дена пред поаѓање се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
- Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
- Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е должен да ги чека истите.
- Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.