07.12-09.12

 
Програма:
1 ден (07.12 ) сабота Скопје-Солун-Паралија
  • Поаѓање во 05:00 часот ( собирање на група во 04:45 од паркингот пред Пошта на железничка. Предвидено време за пристигнување во Солун околу 09:00 часот. Слободно време за прошетка и разглед на Солун. Во договор со групата околу 15:00 часот се упатуваме од Солун кон Паралија. Пристигнување во Паралија. Сместување во приватни апартмани. Слободно време. Ноќевање
2 ден ( 08.12 ) недела Паралија-Метеори-Трикала
  • Утрото околу 07:00 групата поаѓа за Метеори. Попатно ќе се посети работилницата за икони која се наоѓа во градот Каламбака. По разгледот на Работилницата за икони групата се упатува кон посета на манастирот Голем Метеорон ( Мегало Метеоро). Слободно време за индивидуална прошетка и разглед. Во договор со групата ќе се направи пауза за ручек. Во попладневните часови групата ќе се упати кон посета на најголемото Божиќно село во Трикала. Слободно време за разглед на Божиќното село. Во вечерните часови околу 21;00 часот се поаѓа од Трикала за Паралија. Пристигнување во Паралија. Ноќевање.
3 ден ( 09.12)  понеделник Паралија-Скопје
  • Напуштање на апартманите. Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ Паралија. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. 

Понудата вклучува:
  • Две ноќевања во Паралија 
  • посета на Солун
  • посета на Работилницата за икони
  • посета на манастирот Голем Метеорон
  • посета на Божиќното село Трикала 
  • превоз на наведената релација
  • организација и водство на патувањето.

Понудата не вклучува:
  • индивидуални трошоци
  • Влез од 3 евра во манастирот 
 
Цена: 5200  денари по лице
 
Услови за деца:
  • Деца до 2 години ( во придружба на две возрасни лица ) бесплатно
  • Деца од 2 години до 10 години ( во придружба на две возрасни лица ) плаќаат 4700 денари  

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
  • Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
  • Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
  • Во случај на отказ патникот е должен да плати:
  • За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
  • За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
  • За отказ преку 15 дена пред поаѓање  се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот 
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
  • Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
  • Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
  • Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
  • Со уплата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.