Зрзески манастир е манастир во средишниот дел на Македонија, на јужните падини на планината Даутица, во близина на селото Зрзе. До него се пристигнува по асфалтен пат којшто поминува низ прилепските села Ропотово, Пешталево Костинци и Зрзе Манастирот е прогласен за споменик на културата. Тој е епископско седиште на хераклејскиот епископ Климент. Манастирот најверојатно бил изграден некаде во XIV век од монахот Герман за време на владеењето на српскиот цар Стефан Душан, што е поткрепено со натписот сместен на надворешниот ѕид од јужниот влез на главната манастирска црква. Првобитната манастирска целина зафаќала површина од околу 7.000 м2.
Опис на патувањето:
- Тргнување во 07:30 (собирање на група во 07:15 од паркингот пред Пошта на железничка)
- Посета на манастирот Св.Преображение. Слободно време за индивидуални активности. По посетата слободно време за индивидуална прошетка на Прилеп
- Слободно време за индивидуални активности.
- Тргнување за Скопје во 17:00 часот
Програмата вклучува:
• Превоз на дадената релација
• Организација и водство на патувањето
Цена: 1000 денари
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
- Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
- Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
- Во случај на отказ патникот е должен да плати:
- За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
- За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
- За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
- За отказ преку 15 дена пред поаѓање се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
- Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
- Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е должен да ги чека истите.
- Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.