Св.Ѓорѓи-Неготино, Вила Марија, Дојран
23.11.2024
Во непосредна близина источно од Неготино врз темели на постара црква е изграден манастирот Св.Ѓорѓи. На јужниот ѕид до влезот во црквата има вградена камена плоча на која е испишана годината 1860-1866 кога била изградена црквата. Во текстот стои дека храмот на светиот великомаченик Ѓорѓи е изграден со помошта на народот од градот Неготино. Црквата е типична градба од преробенскиот период, кога се граделе соборни цркви во цела Македонија со големи димензии. Има архитектонски облик на трокорабна црква со три куполи поделени на три травеа, а кон јужната и западната страна со широки тремови.
Еден дел од историјата на Демир Капија, кој во едно место ги поврзала виното и љубовта е во винарската визба Вила Марија. Изградена е на просторот каде што се спојуваат медитеранска и умерено континентална клима и каде што има дури 280 сончеви денови во годината. Приказната започнува во 1928 година кога кралот и кралицата Александар и Марија Караѓорѓевиќ решиле да купат имот за винарска визба. Во дворор на винарскаѕта визба се наоѓаат изложени стари машини и буриња кои служеле за преработка и чување на виното.
За Дојран постојат многу легенди и преданија.Во местото каде што е денешен Дојран живеела една многу убава девојка, Дојрана. По неа ја забележал еден Османлиски бег и се заљубил во нејзе. Отишол кај нејзините родители и ја побарал за жена. Но девојката не го сакала. Така еден ден отишла да ѓи наполни стомните сo вода од едно изворче.Но, тогаш Осламискиот бег(тој што бил заљубен во нејзе) ја забележал и потрчал по нејзе. Но таа не го сакала и несакала другите околу неа да имаат маки, па се фрлила во изворчето! Утредента изворчето се проширило, го поплавило целото место. Станало езеро. По името на девојката- Дојрана, езерото го добило своето име ’Дојран’.
Опис на патувањето:
- Тргнување од паркинг пред Пошта на жечезничка во 07:30 часот (собирање на група 07:15 ч.)
- Предвидено време за пристигнување во Неготино околу 09:00 часот.
- Прошетка и разглед на манастирот Св.Ѓорѓи.
- Поаѓање кон Демир Капија. Посета и разглед на музејот на Виното, Вила Марија и Попова Кула.
- Во договор со групата се упатуваме кон Дојран.Слободно време за индивидуална прошетка и факултативен ручек.
- Во 18:00 часот тргнување за Скопје.
Понудата вклучува:
- Превоз на наведената локација.
- Организација и водство на патувањето.
- Посета на манастирот Св.Ѓорѓи
- Посета на Вила Марија
- Посета на Попова Кула
- Посета на Дојран
Понудата не вклучува:
- Индивидуални трошоци.
- Влезници за музејот на виното 100 денари
Цена: 1000 денари
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
- Организатор на патувањето е Мтс Травел Сервис.
- Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 2 дена пред да започне истото.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
- Во случај на отказ патникот е должен да плати:
- За отказ до 2 дена пред поаѓање се задржува износ од 90 % од цената на аранжманот
- За отказ од 3 до 5 дена пред поаѓање се задржува износ од 70 % од цената на аранжманот
- За отказ од 6-15 дена пред поаѓање се задржува износ од 50 % од цената на аранжманот
- За отказ преку 15 дена пред поаѓање се задржува износ од 10 % од цената на аранжманот
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува штета за изгубен багаж.
- Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
- Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е должен да ги чека истите.
- Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.