Свети Ѓорѓи позната и како Великомаченик Георгиј е средновековна црква која е сместена во средиштето на селото Старо Нагоричане.Овој средновековен храм се истакнува по својата импозантна голема (базиликална) градба, одлично зачуваниот фрескоживопис, камениот иконостас и положбата на иконите на него, како и ќелијата на македонскиот светител Прохор Пчињски во непосредната близина. Дeнeшнaтa црква билa пoдигнaтa нa остaтoцитe нa постар храм кој датирал oд XI вeк, т.e. вo време нa владеењето нa визaнтиcкиoт императop Роман Диоген (1067-1071).
Свети Јоаким Осоговски или познат како Осоговски манастие се наоѓа на само 3 километри североисточно од Крива Паланка, во прегратките на дабовата шума на Осоговските планини и истиот е посветен на пустиножителот и чудотворец Св. Јоаким Осоговски. Осонова е уште во 12 век, познат по името Сарандапор. Токму во овие предели кон крајот на 11 и почеток на 12 век живеел испосникот Св. Јоаким Осоговски. Освен житието на св. Јоаким Осоговски науката не познава други пишани документи и извори за основањето на манастирот. Житието на св. Јоаким е зачувано во преписи од XV век наваму.
Опис на патувањето:
- Тргнување од паркинг пред пошта на Железничка , во 07:30 часот (собирање на група 07:15 ч.)
- Прв одиме во посета на црквата Св.Ѓорѓи во Старо Нагоричане.
- По посетата групата се упатува кон манастирот Св.Јоаким Осоговски. Слободно време за индивидуална прошетка и разглед на манастирот.
- Во 17:00 часот тргнување кон Скопје.
Понудата вклучува:
- Посета на црквата Св.Ѓорѓи во Старо Нагоричане.
- Посета на манастирот Св. Јован Осоговски.
- Превоз на наведените локации.
- Организација и водство на патувањето.
Цена: 650 денари од лице