19.04-21.04

Метеорите се наречени Карпи во воздухот, кои се едни од најголемите православни комплекси во Грција. Тие се сместени над гратчето Каламбака. Град кој е препознатлив по бројните тесни улички, ниски куќички, кафулиња, како и многубројните продавници со икони.  Шесте воодушевувачки манастири се изградени на природни столбови од песочен камен. Околината на овие столбови била населена уште пред 50000 години, а некаде во 9 век, една група на монаси се преселила на древните столбови.Монасите најпрво живееле во дупките на карпите, а подоцна некаде околу 12 век почнале да се градат манастирите. Просечната висина на карпите е 313 метри, и до горе се стигнува само со помош на кошници и систем од јажина. Денес од шесте манастири, пет се машки и еден е женски.
 
Паралија е идеално место за сите оние кои што сакаат да уживаат  во пријатната медитеранска клима и убавата и долга плажа. Долж шеталиштето во Паралија ќе имате можност да уживате во локалните продавници, но исто така ќе имате можност да уживате во бројните таверни, барови, ресторани и ноќни клубови кои што само ја дополнуваат туристичката понуда на ова место. 

 Опис на патувањето:
1. ден 19.04 (сабота)
  • Поаѓање од паркинг пред Пошта на железничка, во 07:00 часот (собирање на група 06:45 ч.). Патувањето води кон граничен премин Богородица. Пауза за царински формалности и одмор.Предвидено време за пристигнување во Паралија  околу 12 часот.  Сместување. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
2. ден 20.04 (недела)- ВЕЛИГДЕН
  • Во утринските часови поаѓање од Паралија кон Метеори. Посета на работилницата за икони во Каламбака. По посетата на работилницата за икони групата се упатува кон манастирот голем Метеорон. Слободно време за прошетка и разглед на манастирот. По прошетката слободно време за пауза за ручек Враќање во Паралија. Ноќевање.
3. ден 21.04 (понеделник)
  • Во утринските часови напуштање на апартманите. Слободно време за прошетка низ Паралија. Во попладневните часови поаѓање за Македонија.
 
  • Понудата вклучува:
  • 2 ноќевања во апартмани Паралија 
  • Посета на работилницата за икони во Каламбака
  • Превоз на наведените локации
  • Организација и водство на патувањето
 
Понудата не вклучува:
 
  • Влезница од 3 евра во манастирот Голем Метеорон
  • Туристичка такса 1.5 евро од соба на ден ( се плаќа во агенција)

Цена:4950 денари