Манастирот Љубостиња се наоѓа во близина на Трстеник во атарот на селото Прњавор и 9 километри североисточно од Врњачка бања. Сместе е во долината на малата планинска река. Посвете е на Успение на пресвета Богородица. Манастирот е граден од 1388 до 1405 година. Во него е погребана кнегињата Милица. Денес Љубостиња претставува женски манастир кој го чуваат и одржуваат околу 50 монахињи. .
Врњачка бања е градска населба во Србија а воедно и општина во Рашкиот округ. Врњачка бања е најголема бања во Србија. Истата се наоѓа во централна Србија на надморска височина од 217 метри и админитративни припаѓа на Рашкиот округ. Одалечена е околу 200 метри од Белград 25 километри од Крањево и 11 километри од Трстеник. Сместена е помеѓу плаините Гоч и Западна Морава. Врњачка бања е туристичко место која во текот на годината е посетена од бројни туристи.
Опис на програмата:
- Тргнување во 05:00 часот ( состанок на групата на паркинг наспорти скопски саем кај Хотел вип во 04:45). Се патува преку граничен премин Табановце.Предвидено време за пристигнување во манастирот Љубостиња во утринските часови.Посета и разглед на манастирот. По посетата се упатуваме кон посета на Врњачка бања. Слободно време за индивидуална прошетка и разглед на Врњачка бања
- Предвидено време за тргнување за Македонија од Врњачка бања во 17:00 часот.
Понудата вклучува
- Превоз на наведената релација
- Посета на манастирот Љубостиња
- Посета на Врњачка бања
- Организација и водство на патувањето
Понудата не вклучува:
- Индивидуални трошоци
- Влезници за културно историски споменици
Цена: 1500 денари